Македонија

Обвинителството побара притвор за осомничениот кој вчера пукаше и рани социјална работничка во прилепскиот Центар за социјални работи

25.03.2025 17:30

Обвинителството во Прилеп побара притвор за осомничениот кој вчера пукаше и рани социјална работничка во прилепскиот Центар за социјални работи каде се одвивала трауматична и вознемирувачка ситуација. Вработените излегоа на мирен собир барајќи поголема заштита …

Прилепското обвинителство побара притвор до 30 дена и истражна постапка за две кривични дела – обид за убиство и неовластено носење оружје за осомничениот кој вчера во просториите на прилепскиот Центар за социјални работи рани службеничка, истрелал најмалку 4 куршуми и им се заканувал на вработените. Ранетата социјална работничка на која осомничениот долго време и се заканувал е во стабилна состојба. Дел вработени побарале медицинска помош по големата траума.

Во Центарот се одвивала вистинска заложничка драма.

Никој нема одговор зошто не биле известени од психијатриската болница во Демир Хисар од каде побегнал осомничениот.

Вработените во центарот излегоа на мирен собир барајќи поголема заштита зашто секојдневно добивале вербални и физички закани.

Истрагата за случајот е во тек.

Елизабета Митреска