Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

26.03.2025 08:00

Наместа ќе биде нестабилно каде врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно каде врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.