кочани

Нови претреси и распити во истрагата за пожарот

26.03.2025 08:10

Нови претреси и распити. Се собираат докази од канцеларии на Пазарниот инспекторат во Кочани и во Виница, под лупа и друг објект на сопственикот на „Пулс“...

Полицијата и Обвинителството интензивно работат на истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Нови претреси и распити. Се собираат докази од канцеларии на Пазарниот инспекторат во Кочани и во Виница, под лупа и друг објект на сопственикот на „Пулс“. Во полициската станица беа повикани и сопругата и ќерката на газдата на кабарето.

Кочанскиот суд одлучува по пристигнатите жалби. Од 22 пристигнати, за 14 е одлучено да остане мерката 30 дневен притвор. Тројца ќе одат во домашен.

За останатите 5 жалби се одлучува денеска.