Ѓорческа успешна и во Арад

07.08.2014 14:50

Нашата тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во четвртфиналето на ИТФ турнирот во романскиот град Арад. Во второто коло македонската претставничка славеше над домашната натпреварувачка Ана Бјанка Михаила со 2-0 во сетови.

Најдобрата макеоднска тенисерка на противничката во првиот сет препушти четири, а во вториот само еден гем. Ѓорческа настапува и во конкуренција на двојки, а заедно со Романката Елена Христеа веќе се пласираше во полуфиналето.