Украина

Зеленски: Ако Русија падне, ќе има силен одговор

26.03.2025 08:44

Украина ќе направи се за да функционираат договорите и да нема напади, но русите мора да сфатат дека ако нападнат, ќе добијат силен одговор, истакна Зеленски...

Украинскиот претседател е песимист дека Русија ќе ги почитува условите за прекин на огнот предложени од САД. Украина ќе направи се за да функционираат договорите и да нема напади, но Русите мора да сфатат дека ако нападнат, ќе добијат силен одговор, истакна Зеленски. По маратонски преговори, американски, руски и украински претставници во Саудиска Арабија постигнаа договор за безбедна пловидба во Црно Море и запирање на нападите на енергетската инфраструктура во Украина и во Русија. Меѓу другото, Вашингтон ќе и помогне на Москва да го врати пристапот до светскиот пазар.

„Како Русија ќе се однесува во наредните денови ќе покаже многу, ако не и се. ако повторно има воздушни тревоги, ако повторно има воена активност во црно море, ако повторно има руски манипулации и закани, тогаш ќе треба да се преземат нови мерки – конкретно против Москва“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Кремљ објави дека договорот може да стапи на сила дури по укинувањето на ограничувањата за извозот на руски производи и воведените санкции. Рускиот министер за надворешни работи лавров изјави дека Москва е отворена за обновување на договорот за безбеден транзит во Црно Море, но предупреди дека руските интереси мора да бидат заштитени.

„Ќе ни требаат јасни гаранции. Со оглед на тажното искуство од договорите со Киев, гаранциите можат да бидат само резултат на наредбата од Вашингтон до Зеленски и неговиот тим да го направат токму тоа. Ми се чини дека нашите американски партнери го прифатија овој сигнал“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

За мирот и безбедноста, утре францускиот претседател Макрон организира самит со европските лидери.