САД

Трамп со поддршка за Волц по „аферата сигнал“

26.03.2025 09:20

Советникот за национална безбедност Мајкл Волц и потенцираше дека по „аферата Сигнал“, тој си ја научил лекцијата...

Американскиот претседател изјави дека го поддржува советникот за национална безбедност Мајкл Волц и потенцираше дека по „аферата Сигнал“, тој си ја научил лекцијата. Говорејќи за инцидентот во кој највисоки претставници на администрацијата на САД по грешка вклучија новинар во разговор на платформата Сигнал за претстојниот напад на САД врз јеменските Хути, Трамп рече дека во таа комуникација немало доверливи податоци.

„Секако ќе го разгледаме ова. но, главната работа беше дека ништо не се случи. Нападот беше целосно успешен. Значи, ова не беше класифицирано. Сега, ако се работи за класифицирани информации, веројатно е малку поинаку. Но, јас секогаш велам дека треба и мора да се учи од секое искуство. Мислам дека беше многу нефер начинот на кој го нападнаа Мајкл. Тој е добар човек“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Новинарот Џефри Голдберг бил вметнат во групата од Мајкл Волц и тврди дека добил оперативни воени планови, вклучувајќи го и точниот термин за нападот врз Хутите. Демократите бараат целосна и објективна истрага за случајот. Обвинуваат дека станува збор за скандалозно прекршување на правилата за воено разузнавање.