БЛИСКИ ИСТОК

Продолжуваат нападите во Газа

26.03.2025 08:49

Роднините и поддржувачите на заложниците кои ги држи Хамас во енклавата продолжуваат со протестите пред канцеларијата на Нетанјаху, барајќи нивно итно ослободување...

Израел продолжува со нападите во обновените судири во Појасот Газа. Роднините и поддржувачите на заложниците кои ги држи Хамас во енклавата продолжуваат со протестите пред канцеларијата на Нетанјаху, барајќи нивно итно ослободување.

Откако почнаа борбите во Газа на почетокот на изминатата недела, израелската одбрана ликвидирала 150 милитанти, вклучително и 10 највисоки функционери на Хамас, објавија израелски медиуми.