Македонија одигра нерешено со Велс
26.03.2025 09:30
Навивачите во 59-тата минута со громогласен аплауз им оддадоа почит на 59-те жртви во трагичната несреќа во Кочани што се случи на 16-ти март.

Фудбалската репрезентација на Македонија и Велс синоќа одиграа нерешено 1:1 (0:0) во 2. коло од квалификациите за СП 2026.
Бојан Миовски го отвори резултатот во 91-та минута од натпреварот, додека Дејвид Брукс израмни во последните секунди од судиското продолжение кое траеше шест минути.
Навивачите во 59-тата минута со громогласен аплауз им оддадоа почит на 59-те жртви во трагичната несреќа во Кочани што се случи на 16-ти март.
По првите две кола од новиот квалификациски циклус за СП 2026, Македонија има 4 бода.
Следниот натпревар на нашата репрезентација е на 6-ти јуни против Белгија во Скопје.
