Со активните мерки за вработување млади вработени над 3.000 лица

07.08.2014 15:26

За 4 и пол месеци 1.735 компании побарале вработување на вкупно на 3.004 лица...

Со мерката за вработување млади до 29 години се вработиле повеќе од 2.883 лица, меѓу нив 45 – мина магистри или доктори на науки. За 4 и пол месеци 1.735 компании побарале вработување на вкупно на 3.004 лица.

Освен ослободувањето од 10 проценти персонален данок, работотавачите добиваат намалување уште 27 проценти од другите придонеси.

„Ова е добра можност за сите претпиемачи и бизнисмени коишто сакаат да вработат кадар да ја искористат, затоа што на тој начин ќе доведат до заштеда на своите трошоци по однос на плати во висина од 37 отсто, односно 10 проценти персонален данок и 27 проценти од придонесите и на тој начин тие средства коишто ќе ги заштедат да можат алтернативно да ги употребат во развој на својот бизнис, да остварат двострана корист и за својата компанија и за приходите коишто се остваруваат, а од друга страна и да вработат лица што е основна и приоритетна цел на Владата на Република Македонија“, истакна портпаролот Александар Ѓорѓиев.