Над пет илјади пензионери и студенти користеле бесплатен железнички превоз

07.08.2014 15:26

Денска студентите можат да го користат бесплатниот железнички превоз. Пензионерите таа привилиегија ќе ја имаат овој викенд. До сега оваа мерка ја искористиле над 1.500 стари лица и над 3.500 студенти

Иако секој четврток железничкиот превоз e бесплатен за студентите, возот што денеска пристигна од Велес беше полн со повозрасни граѓани.

„Мислам дека е добро, јас сум уште малку за во пензија и би ми одговарало“.

„Добро е нема што да кажам, убави работи се тоа.“

„Ја користев, еднаш ја искористив.“

„Супер им е на пензионерите, одлично е за нив.“

„Убаво е тоа за пензионерите.“

„Не е лошо нели, зашто да не.“

„Трета доба... и тие малку да си одживеат, и пензионерите“, велат анкетираните граѓани.

Досега оваа мерка ја искористиле над 1.500 повозрасни лица и над 3.500 студенти. Бесплатен превоз со воз има за пензионерите во петок, сабота и недела, секој втор викенд од месецот, а за младите до 27 години бесплатно е третиот викенд од месецот, како и попуст од 50 проценти за билет за железнички превоз за учениците и студентите, и бесплатно патување секој четврток за студентите.

За да добијат бесплатен билет возрасните лица во билетарниците треба само да достават лична карта, онаму каде нема билетарнци докуметот за идентификација ќе му го покажат на кондуктерот. Студетите пак треба да приложат индекс или легитимација.

Ана Јосифоска Тодоровска