Велес

Системот „капка по капка“ дава извонредни резултати на сончегледовите полиња

07.08.2014 15:41

Поставените системи капка по капка ги покажуваат предности. Родот е за неколку пати потежок од оној кој по хектар се добива од нива која се обработува на конвенционален начин. Сончогледовото поле на велешанецот Ферхад Биберовиќ е само едно од многуте кои ја прикажуваат предноста од наводнување. Очекува од делот кој се наводнува тој да собере околу 4000 килограми од хектар, наспроти 1000 килограми од хектар од делот кој не се наводнува.

Една нива, различен род. Ова е првата реакција на секој кој не е земјоделец а минува покрај сончогледовото поле на велешанецот Ферхан Биберовиќ. Делот кој е под систем какпка по капка дава извонредни резултати, оној другиот пак под просечни.

„Од сончогледот многу сум задоволен, многу малку вода сум употребил, се на се двапати  имам вадено а разликата е огромна“, рече Биберовиќ.

И кумановецот Ивица Величковски има желба на дел од четириесетината хектари кои ги обработува да постави ваков систем.

„Јас планирам да аплицирам затоа што миослам дека така ке ги зголемам приносите  по хехтар и со пченка и со сончоглед“,рече Ивица Величковски, земјоделец.

Се менува светста кај земјоделците кога станува збор за конвенционалниот и модерниот начин на одгледување на пченка и сончоглед велат експертите. Со помош на УСАИД , 120  македонски  земјоделци веќе ги чуствуваат предностите од наводнувањето.

„Еден систем чини околу 2500 евра, досега донирано имаме 120 хектари како опрема за наредната година во најмала рака ке ги задржиме овие 120 хектари односно ќе зголемат за уште 120 а можно е и зголемување“, рече Мартин Трајчев од проект за експанзија за мали бизниси на УСАИД.

„Приносите во последните четири години на ново на Македонија за сончоглед во зрно се 1400 килограми на хектар, европскиот просек е 1 800 килограми, меѓу тоа ние тука на ова поле каде што имаме систем капка по капка очекуваме преку 4000 килограми на хектар“, рече Тони Тасков, раководител на Агенција за развој и потикнување на земјоделието во Велес.

За исплатливо производство Биберовиќ  е сигурен дека неопходно е добра прихрана на земјата и навремено наводнување. Затоа тој очекува дека со средства од ИПАРД програмата со систем за наводнување ќе ги покрие и останатите ниви.

Дијана Иванова