Колку се почитуваат законите и какви се санкциите?
Поради јавашлук и корупција, немање свест и совест се заобиколуваат законите, а за жал погубна за нас е трагедијата од Кочани каде инспекторите не само што замижале на неправилностите туку и свесно потпишале дека се е во ред, тврди деканот на Градежниот факултет, Марковски...

Поради јавашлук и корупција, немање свест и совест се заобиколуваат законите, а за жал погубна за нас е трагедијата од Кочани каде инспекторите не само што замижале на неправилностите туку и свесно потпишале дека се е во ред, тврди деканот на Градежниот факултет, Марковски. Како што вели, можеби е најдобро ние граѓаните да вршиме притисок врз институциите за контроли и заштита, за да бидеме безбедни.
Во развиените земји каде постои ЕУ кодот изведувачот не може да влезе во градежниот бизнис без да има осигурување. Така што доколку тој погреши инвеститорот ќе се обесштети од неговото осигурување. Какви градби ќе изведувате ќе зависи од големината на осигурувањето. Така одговорноста ќе биде на највисоко ниво, додава Марковски.
Властите најавуваат ново законско решение во кое се предвидува формирање Комисија за испитување на минимално техничките и други услови кои треба да ги исполнуваат клубовите.
Министерот Перински уверува дека се прават проверки доколку во дадениот период објектите не ги отстранат аномалиите тие ќе се соочат со затворање. Инаку до сега е констатирано дека дури 80 проценти од контролираните објекти не се безбедни бидејќи отстапуваат од основните предуслови.
Фиљана Кока
