Здравство

Таравари: Се зголемува бројот на пациенти кои ќе се враќаат од странство

26.03.2025 16:09

Се зголемува бројот на пациенти кои се подготвени да се враќаат од странство. Министерот Tаравари со оптимистички прогнози за следните денови. Информираше дека денеска уште пет пациенти ќе се вратат од странство...

Се зголемува бројот на пациенти кои се подготвени да се вратат од странство во Македонија. Министерот за здравство рече дека се подготвуваат 4-ца од Шпанија и еден од Грција. Со 5-темина кои се враќаат, ќе останат 108 пациенти кои се на лекување надвор од државата. Во земјава се лекуваат вкупно 23, а над 20 се пуштени дома.

Во странски болници во моментов се лекуваат 113 пациенти.

Сите кои се лекуваат дома се стабилни и во добра состојба, рече Таравари.

Од Министерството за надворешни работи велат дека постојано се во комуникација со дипломатските претставништва и ја следат состојбата на повредените кои се лекуваат во странство.

Во земјава се вратија двајца пациенти, еден од Србија и една пациентка од Бугарија.

Дарко Стојанов беше првиот пациент кој се врати од Белград. Тој беше пречекан од министрите за здравство и за надворешни работи и директорот на Токсикологија.

 

Борис Грујоски