Македонија

Комеморација за Сара Пројковска на Факултетот за музичка уметност

26.03.2025 14:56

Последен поздрав за Сара Пројковска-Николовска, еден од пратечките вокали која трагично го загуби животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде настапуваше со групата ДНК...

Последен поздрав за Сара Пројковска-Николовска, еден од пратечките вокали која трагично го загуби животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде настапуваше со групата ДНК.

На комеморацијата во нејзина чест, последен поздрав за Сара од колегите, соработници но и ученици во Музичко балетскиот училиштен центар во кој таа беше вонреден професор.

Сара дипломирала во 2000 година со највисок просек 10. За време на своето образование учествувала на многу домашни и меѓународни натпревари, каде забележала бројни успеси и како солист и како пијано соработник. Сара беше самохрана мајка на две деца.

Во знак на почит кон жртвите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани за време на концертот на групата „ДНК“ на 16-ти март, од терасата на Факултетот за музичка уметност во Скопје, по комеморацијата беа пуштени бели балони.