Кривичен суд

Видевски и денеска ги негираше исказите дадени во Обвинителството

26.03.2025 16:32

Ново рочиште за убиството на Вања и Панче. Обвинетиот Боре Видевски и денеска ги негираше исказите дадени во Обвинителството посочувајќи дека нема никаква поврзаност со убиствата...

На судското рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски заврши исказот на обвинетиот Боре Видески. Тој повтори дека не бил вмешан во убиствата, а претходните признанија му биле изнудени под полициската тортура.

Судијата Ивица Стефановски го испрашуваше Видевски ги негираше сите наводи од обвинението, рече дека не може да наведе посебна причина зошто го изнел пиштолот од дома и дека првообвинетиот Љупчо Палевски никогаш не му се заканувал. А, во врска со алибито дека кога се случувале убиствата тој бил на работа, Видески посочи дека бил нов на работа и бил префрлен од магацин во комерција, па затоа и не бил евидентиран на работното место.

Видески призна дека се познавал со Велибор Манев подолго време, како и со Палевски, но соработувале само за партиските работи. Неговиот адвокат вели дека пиштолот којшто го поседувал неговиот клиент не бил доказ, зашто оружјето одамна е евидентирано во МВР и со балистичко вештачење можело лесно се утврди, дали тоа оружје било користено при убиствата.

Судењето продолжува на 2-ри април со исказите на обвинетите Влатко Кешишов, Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, како и на главниот осомничен Љупчо Палевски.

Игор Панов