Откиен е нов случај на заболен од листерија!

07.08.2014 16:10

Гледајте повеќе во Дневникот 1 во 17 часот...

Здравствените власти открија нов случај на заболен од листерија, дознава МРТ. Ова е деветти потврден случај на листерија во Македонија од јуни до денеска. Досега четири лица починаа. 

Спорните призводи на месната индустрија „Екстра Меин“ во кои е детектирано присуство на листерија се повлекуваат од пазарот. Запрено е производството во месната индустрија. Земени се мостри од суровините и  работните површини. Ќе се врши споредување со изолатите земени од заболените лица.
 
Од кумановската компанија предмалку соопштија дека во нивните производи нема листерија, бидејќи истите термички се обработуваат. Тие одговорно го тврдат ова, и напоменуваат дека мострата со бактеријата е пронајдена во производите во малопродажен објект, за кој компанијата не може да гарантира на кој начин биле чувани производите.
 

Гледајте повеќе во Дневник 1 во 17 часот...