Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри
Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес оствари работна средба со директорите на националните паркови Шар Планина, Емир Хусеини и на Пелистер, Иванчо Тошевски. Меџити на состанокот информира дека за да се реализира овој проект Шар Планина и Пелистер треба да предложат локации, потребните документи како и дозвола за градба како би можело да се отпочне процедурата за тендерска набавка и надзор на градба...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес оствари работна средба со директорите на националните паркови Шар Планина, Емир Хусеини и на Пелистер, Иванчо Тошевски.
Меџити разговараше со првите луѓе на Шара и Пелистер за инвестиционите планови на министерството, како што е изградбата на нови објекти – инфо центри за потребите на јавните установи, национални паркови Шар Планина и Пелистер, кои ќе ги исполнуваат сите еколошки стандарди и ќе служат за промоција на овие национални паркови, како и за едукација на заинтересираните страни.
Меџити на состанокот информира дека за да се реализира овој проект Шар Планина и Пелистер треба да предложат локации, потребните документи како и дозвола за градба како би можело да се отпочне процедурата за тендерска набавка и надзор на градба.
Согласно годишната програма за природа за 2025 година како и Планот за јавни набавки за 2025-та, набавката на инфо центрите – брвнарите во Шар Планина и Пелистер достигнуваат сума од 7.023.305,00 денари.
За поддршка на националните паркови МЖСПП преку програмата за инвестиции ги поддржува активностите на сите четири национални паркови во висина од 20.000.000,00 денари, и тоа грант за Шар Планина во висина од 6.000.000,00 денари, грант за ЈУ НП Маврово во висина од 6.000.000,00 денари, грант за ЈУ НП Галичица во висина од 4.000.000,00 денари, и грант за ЈУ НП Пелистер во висина од 4.000.000,00 денари.
Сите грант проекти се во насока на подобрување на зелената инфраструктурата во парковите во насока на генерирање на дополнителни финансиски средства за Националните паркови како и кампања и заштита на биодиверзитет.
