Македонија
Мицкоски се сретна со Јован Костадинов, херојот кој спаси 21 лице од огнената стихија во Кочани
26.03.2025 19:14
„Тој не е само херој на оваа трагедија, туку е симбол на една нова генерација која знае да направи разлика“, изјави Мицкоски...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со 19-годишниот Јован Костадинов, херојот кој спаси 21 живот во пожарот во Кочани.
„Тој не е само херој на оваа трагедија, туку е симбол на една нова генерација која знае да направи разлика“, изјави Мицкоски,
Како знак на признание за неговата храброст и човечност, ќе му биде доделена стипендија во висина од 18 илјади денари од една општествена компанија, додаде Мицкоски.
