Образование

Министерката Јаневска и градоначалникот Ѓорѓиевски во посета на ОУ „Партенија Зографски“

27.03.2025 08:28

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го посетат основното училиште „Партенија Зографски“ во Скопје...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го посетат основното училиште „Партенија Зографски“ во Скопје.

Како што информираат од ресорното Министерство во училиштето започнати се активности за поставување на фотоволтаичен систем, како дел од проектот за подобрување на енергетската ефикасност и поставување фотоволтаици на сите училишни објекти во рамки на општината.