НАТО

Македонија одбележува пет години членство во НАТО

27.03.2025 08:34

Денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со амбасадорите на земјите-членки...

Македонија денеска одбележува пет години од зачленувањето во НАТО откако на денешен ден во 2020 година стана 30-та членка на Алијансата. Со тоа, земјата реализираше една од нејзините стратешки цели која е зацртана и во Резолуцијата што Собранието ја усвои во 1993 година.

Денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со амбасадорите на земјите-членки и партнери на Алијансата.

Според агендата, на почетокот на настанот ќе се обрати министерот Муцунски по што ќе следи затворена дискусија.