НАТО

Руте апелира за единство во Европа

27.03.2025 08:55

Руте апелира за единство додека европските нации се вооружуваат и ги зголемуваат своите одбранбени индустрии...

Генералниот секретар на НАТО, Руте апелира за единство додека европските нации се вооружуваат и ги зголемуваат своите одбранбени индустрии. Довербата меѓу 32-те земји-членки на алијансата е на ново ниско ниво откако Соединетите Држави предупредија дека Европа мора да се грижи за сопствената безбедност во иднина.

„Кога станува збор за безбедноста на Европа и Северна Америка, нема алтернатива за НАТО. Без САД, Обединетото Кралство, Турција, Канада, Норвешка и Исланд, невозможно е да се замисли одбраната на Европа и ништо не може да го замени американскиот нуклеарен чадор, крајниот гарант за нашата безбедност“, изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.

Посветеноста на САД кон НАТО доаѓа со јасно очекување дека европските сојузници и Канада ќе преземат поголема одговорност за заедничката безбедност, тврди Руте. Според него, на самит во Хаг во јуни ќе почне ново поглавје за трансатлантскиот сојуз, каде што ќе биде изградено посилно, поправедно и посмртоносно НАТО кое ќе се соочи со поопасен свет.