Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл

27.03.2025 09:36

Јокиќ ги пропушти претходните пет натпревари на Денвер поради повреда на зглобот.

Кошаркарите на Денвер синоќа на домашен терен го совладаа Милвоки со 127:117. Најефикасен во тимот на Денвер беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, кој во првиот натпревар откако се врати на паркетот по повредата забележа трипл-дабл со 39 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

Јокиќ ги пропушти претходните пет натпревари на Денвер поради повреда на зглобот.

Во редовите на Милвоки поради повреда отсуствуваа Јанис Антетокумпо и Демијан Лилард.

Денвер е трет во Западната конференција со 46 победи и 28 порази, додека Милвоки е шести на Истокот со 40 победи и 32 порази.