САД

Трамп: Аферата „Сигнал“ е лов на вештерки

27.03.2025 12:37

Трамп го минимизираше исходот од аферата „Сигнал“ во која новинар беше додаден во разговор каде што се зборувало за планови за напад на Хутите во Јемен...

Претседателот Трамп го минимизираше исходот од аферата „Сигнал“ во која новинар беше додаден во разговор каде што се зборувало за планови за напад на Хутите во Јемен. Трамп го нарече случајот „лов на вештерки“. Откако повикот од демократите за оставка на Хегсет стана се погласен, шефот на Белата Куќа вели дека секретарот за одбрана нема никаква врска со состојбата.

„Овде зборуваме за некои од најголеммите деловни зделки некогаш направени. Најголемите компании во светот се преселуваат во Соединетите Држави, а вие сакате да прашате дали Сигнал работи или не? Не знам дека Сигнал работи. Мислам дека може да е дефектен, да бидам искрен. Вие користите Сигнал, ние користиме и сите користат, но тоа може да биде неисправна платформа. И ние ќе треба да го откриеме тоа“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Во меѓувреме американскиот магазин Атлантик објави, како што тврдат, целосен транскрипт од пораките на апликацијата Сигнал во кој највисоките безбедносни и други функционери од администрацијата на Трамп разговараат за воздушните напади врз Хутите во Јемен.