Здравство

Состојба на повредените во пожарот во Кочани

27.03.2025 10:21

Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани...

Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Четворица од повредените кои се лекуваа во Шпанија и еден во Грција се вратија во земјава. Тие се во добра здравствена состојба, но ќе бидат под надзор на домашните болници.

Наташа Јанчиќ - Менковски со последните информации за состојбата на повредените.