ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ молчи за Јон Фрчкоски
Потсетуваат дека втората нарко афера во оваа партија беше на водачот на Шарената револуција и нивен пратеник, Павле Богоевски. Тоа беше афера каде на снимка чија автентичност Богоевски ја потврди, се гледаше како нарачува психотропна наркотична супстанца.

Директорот на Центарот за анализи на СДС, Јон Фрчкоски не беше единствениот кој беше фатен во нарко афера, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Потсетуваат дека втората нарко афера во оваа партија беше на водачот на Шарената револуција и нивен пратеник, Павле Богоевски. Тоа беше афера каде на снимка чија автентичност Богоевски ја потврди, се гледаше како нарачува психотропна наркотична супстанца.
Од друга страна Јон Фрчкоски, порано и помошник директор во Јавното претпријатие за станбен и деловен простор се гледа како шмрка кокаин на работно место. Ете тој ист човек, инаку син на таткото на транзицијата, Љубомир Фрчкоски, сега дели пораки за правда од партиската говорница на СДС. Значи има најмалку две лица СДС. Едно кога држи лекции за морал и правда, и друго кога зад затворени врати шмркаат кокаин, прават криминал и разврат, велат од владејачката партија.
Не е доволно Јон Фрчкоски да си поднесе оставка од измислена партиска функција. Системот треба да функционира и надлежните органи да го повикаат на распит, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
