МВР
Претрес во Куманово, пронајдена дрога и пушка, приведено едно лице
27.03.2025 18:54
Вчера во 16.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.А.(55) од Куманово, соопшти МВР...

Вчера во 16.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.А.(55) од Куманово, соопшти МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, остри предмети, пушка, куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
