РЕПУБЛИКА СРПСКА

Судот на БиХ побара меѓународна потерница за Додик и Стевандиќ

27.03.2025 11:52

Додик и Стевандиќ заедно со премиерот на ентитетот на Република Српска, Радован Вишковиќ, се осомничени во случајот што го води Обвинителството на Босна и Херцеговина...

Судот на Босна и Херцеговина побара меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и претседателот на Народното собрание, Ненад Стевандиќ.

Додик ја премина државната граница во понеделникот, а по краткиот престој во Србија замина за Израел, каде што сè уште престојува.

Додик и Стевандиќ заедно со премиерот на ентитетот на Република Српска, Радован Вишковиќ, се осомничени во случајот што го води Обвинителството на Босна и Херцеговина, а кој се однесува на кривично дело поткопување на уставниот поредок.