Македонија

Викендов започнува летното сметање на времето

27.03.2025 20:21

Македонија и оваа година, како и сите европски земји, ќе премине од зимско во летно пресметување на времето...

Викендов ќе започне летното сметање на времето. Македонија и оваа година, како и сите европски земји, ќе премине од зимско во летно пресметување на времето.

Летното сметање на времето започнува во последната недела во март. Стрелките на часовникот во два часот наутро ќе се поместат за еден час нанапред, што значи дека ќе биде три часот.

Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври, со поместување еден час наназад, кога три часот наутро ќе се брои како два часот по полноќ.