МВР

Семејно насилство во Радовиш

27.03.2025 12:37

Приведен радовишанец кој во живо на Тик-Ток психички и физички малтретирал жена. Жената во полиција не поднела барање за кривично гонење. Според психолозите тоа е резултат на недовербата во институциите...

МВР приведе маж од Радовиш кој тепа жена а сето тоа во живо се пренесувало на социјалната платформа Тик-Ток. На видеото се гледа и слуша како насилникот и психички и физички ја малтретира жената која според сведоци била бремена и подолг период трпела насилство. Полицијата потврди дека лицето е приведено во станица и работат на расветлување на случајот.

Надлежните не откриваат од кога е видеото. Жената на насилникот одбивала кривичен прогон на партнерот за насилство. Стојне Митева од здружението „Скај плус“ која работи со шелтер Центарот за жртвите на семејно насилство, вели дека тоа е поради недоверба во институциите.

Според податоците од МВР минатата година вкупниот број на жртви на кривични дела од семејно насилство изнесува 1.146 од кои 80 отсто се жени.

Насилници најчесто се сопрузите на жртвите како оној во видеото кое беше пуштено на Тик-Ток.

 

Ване Трајков