Зголемен е бројот на заболени од ХИВ/СИДА - 26 нови случаи
Загрижувачка статистика на заболени од ХИВ/СИДА во земјава. За седум месеци 26 нови случаи.

Од почетокот на годинава најмногу заразени од ХИВ-СИДА има во Скопје. Доминира машката популација и за прв пат возрасната група од 20 до 29 години.
Едпидемиолози велат дека животот на овие луѓе може да се продолжи со таканаречената антиретровирусна терапија. Годинава од СИДА починале двајца, за разлика од пред 20 години кога имаше колку болни толку починати.
„Употребата на кондомот во моментов е единствено сретство што може да не заштити од ширење на ХИВ/СИДА. Она што сакам да го потенцирам користењето на кондомот кај женската популација апелирам да се случи и во домашни услови заради тоа што дел од овие лица кои што се припадници на МСМ популацијата се всушност и бисексуалци“, рече прим. д-р Жарко Караџовски, началник на одделение за ХИВ/СИДА и СПИ.
Откако се води евиденција до сега во земјава се регистрирани 233 случаи на ХИВ/СИДА. Првиот е забележан пред 26 години, две години подоцна беше првиот смрттен случај. Светот со оваа појава се соочи пред три децении.
Андријана Атанасовска
