Партии

ДУИ: Ургентно формирање Парламентарна комисија

27.03.2025 12:51

Пратениците од коалицијата „Европски фронт“ ќе поднесе официјално барање за формирање посебна Парламентарна комисија која ќе го истражи, како што велат, селективниот и едностран пристап на правосудниот систем во истрагата за трагедијата во Кочани.

Демократската унија за интеграција соопшти дека пратениците од коалицијата „Европски фронт“ ќе поднесе официјално барање за формирање посебна Парламентарна комисија која ќе го истражи, како што велат, селективниот и едностран пристап на правосудниот систем во истрагата за трагедијата во Кочани. 

„Оваа комисија треба да се формира веднаш и да вклучи претставници на ОБСЕ, како и претставници од амбасадите на САД, ЕУ и земјите членки на Европската унија во својство на набљудувачи, со цел да се обезбеди фер, независен и транспарентен истражен процес“, се вели во соопштението од ДУИ.