Здравство
Состојба на повредените во пожарот во Кочани
27.03.2025 13:21
Вкупно пациенти што се лекуваат во Скопје се 24. Во Клинички центар 7, во стара Градска болница 6 и во ГОБ „8 Септември“ 8 пациенти. Во приватните клиники се 3 пациенти. Од вкупно 24 денеска 9 ќе бидат испишани, коишто се во стабилна состојба и можат да продолжат во домашно лекување...

Стабилна е состојбата на повредените. Четворица кои се лекуваа во Шпанија и еден во Грција се вратија во земјава. Тие се во добра здравствена состојба, но ќе бидат под надзор на домашните болници. Наташа Јанчиќ-Менковски известува со најнови информации од прес-конференцијата на министерот Таравари.
Вкупно пациенти што се лекуваат во Скопје се 24. Во Клинички центар 7, во стара Градска болница 6 и во ГОБ „8 Септември“ 8 пациенти. Во приватните клиники се 3 пациенти. Од вкупно 24 денеска 9 ќе бидат испишани, коишто се во стабилна состојба и можат да продолжат во домашно лекување.
Надвор од државата моментално се лекуваат 108 пациенти, за денеска се најавени 8 што се враќаат. Критични остануваат уште 4 пациенти, изјави министерот Таравари.
