НАТО

Пет години членство на Македонија во Алијансата

27.03.2025 13:23

Македонија одбележува пет години од членството во НАТО. Земјава влезе во Алијансата како 30-та членка...

Македонија одбележува пет години од членството во НАТО. Земјава влезе во Алијансата како 30-та членка. Во февруари 2019-та година беше потпишан пристапниот протокол, а по завршување на процесот на ратификација, на 27-ми март 2020-та Македонија и официјално стана полноправна членка на НАТО.

Министерот Муцунски денеска на работна средба со амбасадорите на земјите-членки и партнери на Алијансата.

Од Клубот на пратеници известува Ирина Гелевска.