Египет
Шест лица загинаа, откако потона туристичка подморница со 44 патници во Египет
27.03.2025 18:28
Туристичка подморница со 44 патници потона во близина на брегот на египетскиот град Хургада на Црвено Море...

Шест лица загинаа, од кои деветмина се повредени откако туристичка подморница со 44 патници потона во близина на брегот на египетскиот град Хургада на Црвено Море. Четворица од повредените се во критична состојба.
Од рускиот конзулат во Хургада потврдија дека сите биле руски државјани. Ова не е прв инцидент во Хургада. Лани во ноември исто потона туристички брод кога загинаа 11 луѓе, а 35-мина ја преживеаа несреќата.
