Косово

Курти жртва на руските комичари, мислел дека разговара со претседателот на Летонија

27.03.2025 14:11

И косовскиот премиер Курти жртва на руските комичари кои се познати по своите имитации и измами на десетици политичари ширум светот...

И косовскиот премиер Курти жртва на руските комичари кои се познати по своите имитации и измами на десетици политичари ширум светот.

Во телефонскиот разговор, комичар се претставил како претседател на Летонија, за што Курти во разговорот рекол дека неговата влада е жртва на хибридната војна што ја водат Србија, Русија и нивните сојузници. Курти, исто така, го обвинил поранешниот специјален пратеник за Србија и Косово Ричард Гренел дека помогнал да се собори неговата влада за време на неговиот прв мандат.

Комичари пред само неколку години го измамија и поранешниот премиер Заев кој веруваше дека разговара со екс украинскиот претседател Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.