Прилеп

Поддршка за социјалните работници

27.03.2025 16:52

Синдикатот на УПОЗ денеска во посета на ранетата социјална работничка и на вработените во прилепскиот Центар за социјални работи. Најавеното обезбедување од Министерството за социјала побрзо да се спроведе …

Ова да биде прв и последен пат- обид за убиство на службеник во институција. Особено во оваа која работи со најмаргинализираните лица. Ранетата колешка ја има и нашата материјална поддршка за да го помине заздравувањето, а она што го ветува Министерството за социјала за безбедноста што побрзо да го спроведе, но и на терен, беше нагласено при денешната посета на раководството на УПОЗ на вработените во Прилепскиот центар.

Министерството за социјала најави оглас за јавна набавка за физичко обезбедување на сите центри и јавни установи за социјална заштита. Во Прилепскиот центар го очекуваат обезбедувањето.

Ранетата социјална работничка закрепнува во Прилепската болница, а вработените деновиве добиваат медицинска и психолошка помош. Сторителот кој во понеделникот пукаше во просториите и ја рани службеничката е во притвор и побарано е да одговара за обид за убиство за недозволено носење оружје.

 

Елизабета Митреска