Здравство

Подобрена здравствената состојба на пациентите

27.03.2025 15:08

Стабилна е состојбата на повредените. Четворица кои се лекуваа во Шпанија и еден во Грција се вратија во земјава. Тие се во добра здравствена состојба, но ќе бидат под надзор на домашните болници. Надвор од државата моментално се лекуваат 108 пациенти, за денеска се најавени 8 што се враќаат. Критични остануваат уште 4 пациенти...

Девет пациенти ќе заминат дома, осум пациенти ќе се вратат од странство.

Се враќаат по двајца пациенти од Австрија, Белгија, Турција и Хрватска. 101 останува во странство.

Во кочанската болница нема доволно кадар и доволно материјали, велат од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, откако нивни хирурзи заминаа на терен.

Пациентите кои пристигнаа од Шпанија се прегледани на Токсикологија.

Лекарите апелираат да не се користат мелемите за изгореници, коишто се продаваат на социјалните мрежи зашто постои ризик за инфекција на раните.

 

Наташа Јанчиќ- Менковски