Расте бројот на заболени од ебола кои одбиваат болнички третман
Паралелно со зголемувањето на бројот на жртвите на еболата во западна Африка, расте и бројот на лица кои што одбиваат да побараат лекарска помош. Одбираат самите да се лечат во домашни услови, поради тоа што сметаат дека болниците во моментов се места каде што се умира, а не каде што се лечи.
Руфус Моисемах е Либериец кој што од минатата недела има симптоми на ебола и маларија. Решил да се заклучи во спалната соба и самиот да се лекува, за да го заштити семејството, но и себе си од болнички карантин.

„Ако ме видат дека имам треска, ќе си речат дека веројатно станува збор за ебола и ќе ме стават заедно со другите заразени. Но и ако немам ебола, сепак ќе се заразам поради самиот факт што ќе бидам меѓу нив“, рече Руфус Моисемах од Либерија.
Но дури и за заболените од ебола, состојбата во некои од изолационите центри е неподнослива. Експертот за ебола, доктор Даниел Бауш, сведочи дека подот во одделот во Сиера Леоне каде што тој работел бил прекриен со урина, фекалии и крв.
Поради стравот од болнички карантин, роднините на оние што починале од ебола во своите домови, не ги пријавуваат на наделжните и нивните тела ги фрлаат по улици, за да не бидат лоцирани од надлежните.
Во меѓувреме еболата пристигна и на европско тло. Шпанскиот свештеник заразен од вирусот, од Либерија изутринава пристигна во Шапанија. Првиот европеец заразен од ебола ќе биде лечен во болницата Карлос 3 ти во Мадрид, а неговата состојба е клинички стабилна. Ова е прв пат во историјата пациент со ебола да биде лечен во Шпанија.
Марија Котовска