Авиосообраќај
Стартува новата авиолинија од Истанбул до Охрид
27.03.2025 17:44
Со директна редовна авиолинија Охрид се поврзува со еден од најголемите аеродроми во Европа...

На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ пристигна првиот лет од Истанбул. Со директна редовна авиолинија Охрид се поврзува со еден од најголемите аеродроми во Европа. Летовите на линијата Истанбул – Охрид „Туркиш ерлајнс“ ќе ги реализира четири пати седмично и тоа во понеделник, четврток, петок и недела.
Од Охрид известува Соња Рилковска
