Русија воведе ембарго за увоз на храна од Западот
Русија воведува целосно ембарго на увоз на говедското, свинското, пилешкото, рибата, млекото и млечните производи, сирењето, овошјето и зеленчукот од САД, ЕУ, Норвешка, Канада и Австралија. Ова е се разбира сериозна одлука за снабдувачите од овие земји. Детската храна е изземена од од овие санкции. Тие стапуваат на сила денеска имаат важност од една година. Федералната царина ќе го надгледува исполнувањето на задачите, односно ќе ги запира пратките со овие производи.

„Нема ништо добро во санкциите. Ова не беше лесна одлука. Ние дополнително разгледуваме и контра-мерки кои ќе бидат одговор на европската забрана за руската авиокомпанија „Добролет“ што леташе кон „Симферопол“. Санкциите вклучуваат забрана за прелети и на европските и на американските авиокомпании кон југоисточна Азија и Азиско-Пацифичкиот регион. Исто така ќе се преразгледаат и правилата за користење на транс-сибирските правци. Ќе престанеме да разговараме со американците околу употребата на овие воздушни линии“, изјави рускиот премиер Димитриј Медведев.