Македонија

Земјотрес утрово на грчко-македонската граница, почувствуван во Битола и околината

28.03.2025 08:32

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека утринава, на 06:04 часот, Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија регистрирала земјотрес...

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека утринава, на 06:04 часот, Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија регистрирала земјотрес.

Земјотресот потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин, во соседна Република Грција, на 125 километри јужно од Скопје, со локална Рихтерова магнитуда ML3.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.