Интеграции

Муртезани и Рокас ќе презентираат мерки и активности од Планот за раст и Реформската агенда

28.03.2025 08:48

Министерот Муртезани и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, денеска во ќе презентираат мерки од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Северна Македонија...

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, денеска во ќе презентираат мерки од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Северна Македонија.

На презентацијата во Медија центарот на Владата ќе бидат претставени конкретните активности од Реформската агенда, како и Планот за комуникација и видливост на Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024 – 2027 на Северна Македонија.

Од Министерството за европски прашања, информираат дека целта е да се приближи евроинтегративниот процес до граѓаните и да се поттикне нивното активно учество во процесот на реформи.