Путин со предлог за приближување кон мирот
Стратешката иницијатива е во рацете на руските сили долж целата линија на фронтот во Украина-тврди рускиот претседател Путин...

Стратешката иницијатива е во рацете на руските сили долж целата линија на фронтот во Украина-тврди рускиот претседател Путин. Го повтори ставот дека властите во Киев се нелегитимни и предложи да се разговара за воспоставување привремена управа во Украина, под водство на ОН и неколку земји, за да се овозможат нови избори и потпишување на клучните договори со цел да се постигне мир.
„Би било можно да се разговара за можноста за воведување привремено управување во Украина под покровителство на ОН со САД, дури и со европските земји со цел да се одржат демократски избори кои ќе донесат одржлива влада која ја ужива довербата на народот, а потоа да почнеме преговори за мировен договор, да потпишеме легитимни документи кои ќе бидат признати низ целиот свет. Ова е, е една од опциите, не велам дека нема и други“, изјави Владимир Путин – претседател на Русија.
Москва останува на ставот дека за спроведување на американскиот договор за привремен прекин на огнот во Црно Море и врз енергетската инфраструктура прво е потребно да се укинат санкциите кон Русија. Европските лидери од Париз пак, едногласни по тоа прашање-санкциите нема да се укинат пред да се постигне мир. И
зразија надеж дека САД ќе ја поддржат иницијативата за распоредување мировници во Украина, но дека Европа мора да биде подготвена да дејствува независно. Зеленски верува оти ставот на САД кон Русија треба да биде поостар.
