ОН: Цивилите мора да се заштитат
“Повторуваме дека цивилите мора да бидат заштитени според меѓународното право“, изјави Стефан Дужарик – портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации...

Американската војска продолжува со нападите во Јемен. Бомбардирани над 40 цели низ областите контролирани од Хутите. Десетици жртви и во последните израелски напади на југот од Газа, меѓу нив и командант на Хамас. Милитантната група вели дека е подготвена за преговори.
Египетска делегација отпатува во Катар со план да постигне прекин на огнот. Од ОН апелираат цивилите да се заштитат.
„Ситуацијата продолжува брзо да се влошува. Засилените напади сериозно ја ограничуваат способноста на хуманитарните работници да обезбедат помош. Повторуваме дека цивилите мора да бидат заштитени според меѓународното право“, изјави Стефан Дужарик – портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации.
