Гренланд
Договор за формирање нова влада
28.03.2025 09:45
Пратениците на Гренланд се договорија да формираат нова влада која ќе се спротивстави на напорите на американскиот претседател Трамп ...

Пратениците на Гренланд се договорија да формираат нова влада која ќе се спротивстави на напорите на американскиот претседател Трамп да го анектира островот. Од петте партии, четири се согласија да формираат коалиција која ќе има 23 од 31 место во Парламентот.
Договорот треба да биде потпишан денеска. Рускиот претседател Путин изјави дека САД имаат сериозни намери за Гренланд, додавајќи дека Москва ќе ги брани своите интереси на Арктикот.
