САД

Се продлабочува безбедносниот скандал во Белата куќа

28.03.2025 09:47

Германскиот магазин „Дер Шпигел“ тврди дека приватните податоци на врвните безбедносни советници на американскиот претседател Трамп се лесно достапни на интернет, надоврзувајќи се на скандалот со групната комуникација на мрежата „Сигнал“, во кој освен официјалните лица за планирање воздушни напади врз Јемен, по грешка бил вклучен и новинар...

Се продлабочува безбедносниот скандал во Белата куќа. Германскиот магазин „Дер Шпигел“ тврди дека приватните податоци на врвните безбедносни советници на американскиот претседател Трамп се лесно достапни на интернет, надоврзувајќи се на скандалот со групната комуникација на мрежата „Сигнал“, во кој освен официјалните лица за планирање воздушни напади врз Јемен, по грешка бил вклучен и новинар. По жестоките критики за безбедносниот пропуст, демократите во претставничкиот дом бараат оставка од секретарот за одбрана.

Хегсет треба да поднесе оставка или да биде разрешен од Трамп. Тој ја загрозува безбедноста на нацијата и ги става во опасност нашите храбри мажи и жени во униформи низ светот и треба веднаш да биде отпуштен“, изјави Хаким Џефрис лидер на демократите во Претставничкиот дом.