597 сообраќајни прекршоци вчера на патиштата низ државата
Вчера во рамки на тие активностите на полициските службеници на ниво на целата држава, беа издадени 597 платни налози, од кои 200 се однесуваат на непрописно паркирање, а во 92 случаи стануваше збор за непочитување на пропишаната брзина на движење...

Вчера во рамки на тие активностите на полициските службеници на ниво на целата држава, беа издадени 597 платни налози, од кои 200 се однесуваат на непрописно паркирање, а во 92 случаи стануваше збор за непочитување на пропишаната брзина на движење, информираат од МВР.
Покрај ова, а по однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и користење мобилен телефон при возење, евидентирани беа 47, односно 16 прекршоци. Полициските службеници исто така детектираа 50 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во осум случаи санкционирани се возачи кои управувале под дејство на алкохол, додека пак изречени се и четири мерки за возачи на мотоцикли кои не носеле заштитна кацига, а изречени се и 13 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Следствено одредбите од Законот за возила вчера беа детектирани 17 нерегистрирани возила во сообраќајот а седум возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР. Оттаму со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
