Македонија
Викендов почнува летното сметање на времето
28.03.2025 18:17
Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината...

Летното сметање на времето почнува викендов, ноќта сабота спрема недела во 02:00 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 02:00 часот ќе биде 03:00 часот.
Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето.
Годинава летното сметање на времето ќе трае до 26 октомври во 3 часот по полноќ.
