Србија

Монструозното убиство на Тијана го разбранува Балканот

07.08.2014 17:02

Околу 50 000 револтирани граѓани од повеќе држави од регионот формираа група на социјалните мрежи во која бараат смртна казна за убиецот на 15 –годишната Тијана Јуриќ од Суботица чиешто тело беше пронајдено во близина на Сомбор. Самиот убиец ја одвел полицијата до местото каде што го закопал несреќното девојче. 33-годишниот драган Ѓуриќ, месар од Сурчино, најпрвин ја удрил жртвата со неговиот автомобил, по што ја задушил и ја закопал на околу 20 километри од местото Бајмок. Тој е уапсен во текот на опсежната полициска акција и е во притвор.

Околу 50 000 револтирани граѓани од повеќе држави од регионот формираа група на социјалните мрежи во која бараат смртна казна за убиецот на 15 –годишната Тијана Јуриќ од Суботица чиешто тело беше пронајдено во близина на Сомбор. Самиот убиец ја одвел полицијата до местото каде што го закопал несреќното девојче. 33-годишниот драган Ѓуриќ, месар од Сурчино, најпрвин ја удрил жртвата со неговиот автомобил, по што ја задушил и ја закопал на околу 20 километри од местото Бајмок. Тој е уапсен во текот на опсежната полициска акција и е во притвор. На случајот биле ангажирани над сто припадници на српското МВР од Суботица, Белград и од други места.

„Полицијата вчера го уапси монструмот којшто го направи ова кривично дело и мојот сопствен суд, моите чувства се дека поради вакви монструми, поради вакви дела многу ми е жал што Србија ја укина смртната казна“, изјави Небојша Стефановиќ, министер за внатрешни работи на Србија.

Според полицијата, во моментот на апсењето убиецот не покажувал никакви знаци на каење. Му се заканува најстрога затворска казна во траење од 30 до 40 години. Неговото семејство не знаело ништо за злосторството што го сторил, а неговата сестра дури на својот фејсбук профил го споделила апелот на таткото на Тијана да им се помогне да ја пронајдат. Локалните жители места се шокирани од стравичното убиство кое што се случило во инаку мирната област.