Таравари: Денес се враќаат девет пациенти од странство, се подобрува состојбата на критичните
Министерот за здравство Арбен Таравари со најнови информации за повредените пациенти од трагичниот настан во Кочани...

Министерот за здравство Арбен Таравари со најнови информации за повредените пациенти од трагичниот настан во Кочани, кои се хоспитализирани во земјава и во странство.
Во скопските клиники има 22 пациенти, од кои осум се во Клиничкиот центар- шест на Токсикологија, двајца на Клиниката за пластична хирургија. Шест пациенти се хоспитализирани во старата градска болница, петмина се во „8 Септември“, а тројца во приватната болница Систина. Денеска ќе бидат испратени на домашно лекување осум од овие пациенти, а 14 ќе останат хоспитализирани на клиниките.
Добри вести стигнуваат и од странските болници каде се хоспитализирани пациентите, нагласи министерот Таравари. Денеска се враќаат девет пациенти и тоа од Унгарија, Италија, Атина, Белград и Шведска.
Се подобрува состојбата и на критичните пациенти, вели Таравари. Иако нивната состојба сè уште е тешка, таа е подобра од вчера, па постои оптимизам дека ќе почне и нивната состојба постепено да се подобрува.
Министерот за здравство најави дека утре се враќаат уште двајца пациенти, од Литванија и од Шведска, за што здравствените власти дополнително ќе информираат.
